„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО)Алексијоски: Ги санираме шахтите кај Лагадин, оние кои се излеваа, сега херметички се затвораат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kolektor-3

Јавното петпријатие „Колекторски систем“ интензивно работи на санација на колекторскиот ситем.

— реклама —

„Деновиве се работи кај месноста Лагадин, на потегот кај што изминатиов период имаше излевање на шест, седум шахти, од кои четири се во Езеро. Сега истите се херметички затворени. Се работи на систем вовлекување цевка во цевка, на дел од 400 метра, согласно тендерската документација цефките се фи 600“, истакна за Скопје 1, директорот на ЈП  „Колекторски систем“,Владимир Алексијоски.

Инаку овој период се врши и обележување, пристапни патишта, снимање на цевководот, прочистување на цевковод, отстранување на корења и нечистотии, прочистување на препумпни станици.

— реклама —

Ова е само почетокот на досега најголемата санација на со години запуштениот систем за заштита на нашиот бисер. Систем во тотален колапс. Систем за кој рековме дека ќе го вратиме во нормала, систем кој уште долги години ќе го заштитува езерото.

За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.

Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

zP53rOOVwN0

фото:Скопје 1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања