Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Видео+фото) Параглајдер со седиште бил подготвен од затвореник за да „одлета“ од Идризово - требало само слаб ветер!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Студио
media-libraryk72j35omtjvl4L1wvyr

Параглајдер со седиште, подготвен за склопување и бегство, е пронајден во затворот Идризово, потврди директорот Зоран Јовановски во поткастот „Претрес“. Според него, планот за бегство бил откриен откако лицата кои го подготвувале биле издадени од нивен цимер-затвореник.

— реклама —

Јовановски изјави дека параглајдерот бил сместен во торба и бил пронајден при реновирање на кровот. По отворањето на торбата, биле откриени деловите од леталото, а дополнително биле најдени седиште и гумени рачки за управување.

— реклама —

Тој појасни дека параглајдерот можел релативно лесно да се внесе во установата бидејќи на безбедносните скенери не регистрира метал, туку се третира како гардероба или неметален материјал.

— реклама —

Целта, според директорот, била јасна – бегство од затворот. Јовановски наведе дека постојат првични индиции за лицето за кое бил наменет параглајдерот, додавајќи дека станува збор за физички подготвен затвореник.

„Со поголем, а слаб ветер, овој параглајдер може да полета“, изјави Јовановски, потенцирајќи дека случајот сериозно се анализира и дека ќе следуваат дополнителни безбедносни проверки.

Повеќе детали за случајот и безбедносните пропусти во затворскиот систем се објавени во поткастот „Претрес“, каде темата беше детално обработена:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zena-na-elektricen-trotinet

Удрил две малолетнички на тротинет во Скопје и избегал, полицијата трага по возачот

Скопје | пред 7 месеци

DSC_0104

OJO: Сторителот од Батинци идентификуван, но се наоѓа во бегство

Скопје | пред 8 месеци

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски поминувал граници со пропусница издадена од Македонија

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања