Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

(ВИДЕО)Новинарка му подари на Помпео парче пармезан и го замоли да му го предаде на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
pompeo

Американскиот државен секретар ја започна европската турнеја, додека во САД зоврива кризата со барањето за отповикување на претседателот Доналд Трамп во која и тој е актер. Во Италија се случи една непријатност. Поточно, италијанска новинарка му подари парче пармезан на Помпео, барајќи од него да му го однесе на претседателот Доналд Трамп.

„Имам подарок за вас - италијански подарок. Премиерот знае за што зборувам. Ова е пармезан Реџиано и ова е она што го правиме најдобро во Италија", рече Аличе Мартинели, додека Помпео љубезно го прими автентичното италијанско сирење, пренесе Вашингтон пост.

Сепак, на Конте не му се допадна целата ситуација.

„Може ли да побарам од дамата да се повлече, ве молам?", рече Конте.

— реклама —

„Би ви била благодарна доколку и вие помогнете“, му одговори новинарката на Конте.

— реклама —

„Не грижете се, ја работам јас својата работа“, рече Конте.

„Однесете му го на господин Трамп, ве молам, и кажете дека го правиме сесрдно, ве молам“, му рече таа на Помпео, додека припадници на безбедносните служби интервенираа за да ја испратат од сцената.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања