На аеродромот во Тел Авив успено слета тешко оштетен авион Боинг со 152 патници. Точно во 15,25 авионото безбедно слетал , а ниеден од патниците и екуипажот не биле повредени.
Во Боингот 737 на бугарскиот превозник Електра Ер имало 152 патници , кои преживеаја невидена драма , додека на аеродромот ,,Бен Гурион “ го очекувале стотина возила на итна помош и пожарникари . Сите биле максимално подготвени за најлошотио сценарио на еден час пред слетувањето на авиониот со тешко оштетебн долен трап и без тркала.
Оштетениот авион кружеше низ израелскиот воздушен простор за да изгуби што е можно повеќе гориво за да биде полесен при слетувањето. При влезот во воздушниот простор на Израел ги пресретнале два воени авиони Ф-16. Авионот го испуштил горивото, за да не се запали во случај на инцидент.
Авионот тргнал од Келн , Германија кон Тела Авив . Но веднаш по полетувањето му експлодирала задната лева гума , но пилотите решиле да го продолжат летот зашто немало други оштетувања. Експлозијата го оштетила долниот трап .