ВО ЖИВО

„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Осудениот за убиството на Вања лекуван и задржан на клиника, утре клучна седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarydmsp568klhpteecj4dr

Директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, за „Скопје1“ изјави дека притвореното лице Боре Видевски во изминатиот период било континуирано медицински третирано и упатувано на специјалистички прегледи.

— реклама —

Според него, во текот на изминатиот месец Видевски повеќепати бил носен на Клиниката за урологија и Клиниката за нефрологија, а потоа и на дополнителни испитувања на биохемија и микробиологија.

— реклама —

„Третиран е извесен период со антибиотска терапија по извештај од специјалист, а по завршување на терапијата повторно е однесен на клиника за урологија и нефрологија, каде е задржан на болничко лекување“, изјави Утковски.

— реклама —

Ова следува откако неговиот адвокат претходно алармираше за сериозно влошена здравствена состојба и можност за дијализа, наведувајќи дека функцијата на бубрегот е значително намалена.

— реклама —

Во меѓувреме, утре во Апелационен суд Скопје ќе се одржи јавна седница по жалбите на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Видевски и Влатко Кешишев, кои беа осудени на доживотен затвор за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Осудените бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката, додека Обвинителството поднесе жалба во делот на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски.

Судија-известител за предметот е Лирие Елези-Ајрулау.

Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата, кои, како што утврди судот, биле извршени по претходен план и со намера за изнуда на пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања