Политичкиот аналитичар, Ивор Мицковски, смета дека власта во Македонија е уништувач на слободите, Уставот и демократското општество. Тој се потсетува на 2017 година, кога СДСМ формираше Влада, а на улиците имаше реки народ. Смета дека Владата нема политики, ниту реформи.
„Оваа власт никогаш не беше легитимна, сега кога дефинитивно сите нејзини ветувања не само што пропаднаа, туку и продолжија по стариот режимски манир, они се политички мртви, непотребни, извор на криза и неправда, па и мизерија, ништо помала од онаа за време на режимот.
И не може се да се сведува на една вечна ламентација, ние тука еден по еден да се жалиме, а сите институции да не преземаат ништо, политиката да си краде и да си се помилува, и никому ништо. Не може, затоа што цело време дробите за стабилност и евроспки вредности, а вие одвнатре не дестабилизирате и глодате, додека промовирате феудален систем и неказнивост.
Тие што ги игнорираат страдањата на овој народ и колективитет, на бројни категории и поединци, си мислат дека тоа е нужна цена за плаќање за нивниот комфор и бенефиции, кои дупло ги книжат, во свој џеб и како цех за социјалниот систем. Се однесуваат како лудаци, како класични кретени. Но, реалноста може да се игнорира одредено време, да се фарба розева кога розева не е воопшто. Може и да се припитоми, но ако општественото незадоволство е преголемо, тогаш за се постои граница.
Која е, никој не знае, се дознава само кога е прекасно и повеќе нема излез. Неправдите и тензиите нема вечно да ги менаџирате со субвенции, амнестии, на хартија зголемени плати, социјална помош, со слогани, платеници, пропаганда и диверзии, за само од време на време да го замолчите бесот на одредена категорија. Тоа се седативи, недоволни за владеење, потребни се политики, а не лекови.
Вие политика немате, реформи немате, криминалци сте и се изедначивте и ги надминавте тие пред вас. Вие сте мртовец, зомби кое чекори, живи мртви кои немаат никаква иднина. Од шанса за општество не напраивте уште поголеми клиенти, вие уништивте се, а можевте да изградите толку многу. Вие не заслужувате ништо освен клетви, омраза и мизерен крај.
Заслужувате да бидете омразени и запишани во оваа наша кратка ама бурна историја, како уништувачи, уценувачи, ускратувачи и улизувачи. Уништувачи на нашиот Устав, нашите слободи, нашето потенцијално демократско општество“, пишува Ивор Мицковски.
