Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Вие сте вистински патриоти“, Петровска до новите потпоручници од 32 класа на Воената Академија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Денеска во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, министерката за одбрана Славјанка Петровска присуствуваше и им се обрати на новите потпоручници во Армијата, кои го завршија военото образование како дел од 32. класа на Академијата.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Министерката пред присутните порача дека новите потпоручници низ четиригодишната едукација организирана согласно принципите на военото образование на НАТО се стекнаа со знаења и вештини вредни за офицери на Алијансата и дека тие се вистински патриоти кои одлучиле својата работна кариера да ја посветат на заштитата на граѓаните и татковината.

— реклама —

— реклама —

„Вие сте вистинските патриоти, вие кои сте решиле својата работна кариера да ја посветите на заштитата на своите граѓани и многу повеќе од тоа, активно да се вклучите на системот на колективна одбрана и безбедност на НАТО како офицери на земји членки и партнерски земји на Алијансата“, рече министерката.

Петровска додаде дека како и во периодот на учење, така и во Армијата, потпоручниците ќе бидат водени од професионалци со огромно искуство и знаење кои се подготвени тоа да го споделат со нив.

„Станувате дел од најреномираната институција во нашата држава и затоа продолжете со вашиот мотив и енергија стекнатата доверба кај граѓаните континуирано да ја одржувате. Министерството за одбрана заедно со Генералштабот секогаш ќе бидат вашата силна поддршка и секогаш ќе бидат тука за вас, како за вашиот натамошен развој во кариерата, така и за континуирано унапредување на стандардите и опременоста на Армијата“, истакна министерката.

— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања