Полуматурската вечер на Андреја, синот на прерано починатиот музичар Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, беше одбележана со емотивен гест од долгогодишниот пријател на Панчо, Перо Антиќ.
Поранешниот македонски кошаркар и поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија се погрижи овој важен ден да остане во трајно сеќавање за момчето. Антиќ лично го придружуваше Марјан на полуматурската вечер, а на социјалните мрежи објави фотографија со пораката: „Среќна матура, лепотану“.
Тој сподели и видео на кое се гледа како со својот автомобил го испраќа полуматурантот на прославата.
Антиќ и Панчо со години важеа за исклучително блиски пријатели, а неговото присуство на еден од најважните денови во животот на синот на музичарот беше доживеано како доказ дека нивното пријателство продолжува да живее и по неговото заминување.