Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Викајте ме Ени“: Ен Хатавеј објасни зошто го избегнува своето име

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-libraryuofscva08itreSkqDcV
screenshot youtube

Актерката Ен Хатавеј открила дека не ѝ се допаѓа кога луѓето ја ословуваат со нејзиното име и ги замолила обожавателите наместо тоа да го користат прекарот Ени.

Хатавеј објаснила дека единствената личност што ја вика Ен е нејзината мајка, и тоа само во посебни ситуации.

— реклама —

„Викајте ме Ени, сите, баш сите, ве молам, викајте ме Ени“, му рекла на водителот Џими Фалон, во чија емисија гостувала.

— реклама —

Таа се присетила како дошло до тоа.

— реклама —

„Кога имав 14 години, снимав реклама и морав да добијам членска карта од актерскиот синдикат. Ме прашаа како сакам да ми стои името, а јас реков: ‘Па, треба да биде моето име. Моето име е Ен Хатавеј’“, раскажала актерката.

„Тогаш тоа ми изгледаше како правилен избор, но никогаш не ми падна на памет дека луѓето целиот живот ќе ме викаат Ен“, додала таа.

Хатавеј објаснила дека кога некој ќе ја нарече Ен, веднаш помислува дека е во неволја.

„Единствената личност што ме вика Ен е мајка ми, а тоа го прави само кога е навистина лута на мене. Затоа, секојпат кога ќе излезам во јавност и некој ќе ме повика по име, помислувам дека ќе ми се развика“, рекла таа.

„Луѓето велат: ‘Ен!’, а јас си помислувам: ‘Што? Што направив?’“, раскажала актерката и заклучила: „Тоа име не ми прилега. Јас сум Ени.“

Актерката Ема Стоун, исто така, во младоста решила да го промени своето име. Иако светот ја познава како Ема Стоун, нејзиното вистинско име е Емили Џин Стоун.

На почетокот од актерската кариера морала да го смени името бидејќи во актерскиот синдикат веќе постоела актерка по име Емили Стоун.

„Мене ми е сèедно. Навистина. Моето вистинско име е Емили“, изјавила таа во емисијата „Тудеј“.

„Името Емили Стоун веќе беше зафатено во актерскиот синдикат. Тоа е како кога регистрирате компанија и не можете да имате исто име како некој друг. Целиот живот ме викаат Емили. Можете да ме викате како сакате“, рекла актерката.

Во емисијата на Џими Фалон открила и дека името Ема го избрала инспирирана од британската музичка група „Спајс грлс“.

„Додека растев, бев голем обожавател, а сакав да ме викаат Ема поради Бејби Спајс. И погодете што – сега навистина така ме викаат“, рекла Стоун.

Таа признала дека уште во второ одделение побарала наставничката да ја нарекува Ема и дека инспирација за тоа била Ема Ли Бантон од „Спајс грлс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања