ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Викеднов во Скопје од сообраќај се исклучени 213 возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на 22, 23 и 24.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 213 возачи, од кои: 132 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 59 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и 22 возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 56 возила, од кои 55 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, седум возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 25 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 228 мандатни платни налози и 173 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања