Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Викенд програма 44. МОТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
44MOT_Three-sisters

икенд програма за 44. МОТ - 14 и 15.09.2019 (сабота и недела).

— реклама —

 

Сабота 14.09.2019

— реклама —

 

„Сѐ уште без наслов“ – најновиот предизвик од генијалниот Томи Јанежиќ кој ќе трае повеќе десет часа во МКЦ.

Дон Жуан е едно од оние книжевни дела што поминале низ најмногу адаптации. Низ текот на целата претходна сезона, Томи Јанежиќ и неговиот тим го земаат ова дело како референтна точка за истражување и лабараториски пристап. Паралелно на тоа, Симона Семениќ го пишува текстот, наречен како „Сè уште без наслов“. Семениќ пристапи кон Дон Жуан, овојпат носејќи го најтипичното словенечко име Јанеж. Приказната е од аголот на неговото заведување и низ последиците на неговите дела – кои се среќаваат во еден момент, во едно срцебиење. Момент потребен едно тело да падне од кревет и ја погоди земјата. Текстот извонредно се совпаѓа со материјалот создаден на проби, а Јанежиќ прави микс на богата, слоевита целина, која дава нов поглед на безбројните верзии на Дон Жуан и донжуанизмот, зборувајќи за нашите радости, надежи, стравови и болки. Овде и сега.

Недела 15.09.2019

Првата претстава за третиот ден на МОТ е реприза на „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски со почеток од 12 часот во МКЦ. Перформансот е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација. Со овој уметнички проект беше претставен павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор и ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација.

Втората претстава за недела - „Три сестри“ на Васил Христов ќе се одигра во Театар комедија со почеток во 20 часот. Претставата зборува за мечтата за ослободување, која запаѓа во состојба на безизлезност, дури и пред да почне борбата. Безизлезноста се удвојува преку повторувањето на потребата за промена, ослободување, исчекор. Сеприсутна потреба за промена, која останува декларативна и која ретко преминува во делување.

Состојбата на непоместување доведува до агонија и на секој од ликовите поединечно, и на целата толпата во која тие припаѓаат. Тивко умирање, кое отвора некои многу важни прашања: кој е виновникот за настанатата состојба на безнадежност? Дали неделувањето е одложено самоубиство? Дали самоубиството е всушност делување? Вознемирувачки прашања. Ликовите на Чехов се прпелкаат во потребата по изнаоѓање одговори. Но, дури и кога одговорот е на дофат на дланка, тие остануваат закопани на едно место. Неподвижни. „Уживаат“ во својата (не)можност за ослободување.

Програмата продолжува во 22 часот со „Дримстејт“ и „Мунлајт“ во Кино Култура. Валентино Апостоловски со „Дримстејт“ - перформанс за прифаќање на ранливоста. Состојба на намалена свесност, во која околината е перципирана како во сон. Непознатото и неизвесноста, односно незнаењето за „тоа што следува“ нѐ прави ранливи и уплашени. Потоа следува кореографскиот проект „Мунлајт“ фокусиран на поетски структури на Александар Георгиев и на Дарио Барето Дамас од Шпанија.

Двата проекти се во продукција на LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture во склоп на проектот „Што е кореографија?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања