„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, двајца тешко повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатите денови (23, 24 и 25.11.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 12 со материјална штета.

— реклама —

„При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 со лесни телесни повреди. 220 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 66 возачи бидејќи 28 го управувале возилото под дејство на алкохол 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 биле возачи почетници. 27 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така, санкционирани се и три возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле и 10 не поседувале зимска опрема. Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 187 мандатни платни налози, додека 152 возила се подигнати со "Пајак"“, велат од МВР.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања