Во текот на 04, 05 и 06.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 113 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 98 возачи, од кои: 36 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи-почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило, од кои едно возило било технички неисправно и 40 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 14 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 195 мандатни платни налози и 140 возила се подигнати со специјално возило „пајак".