„Викторија е убиена по третпат“, таткото на загинатата кај „Сити мол“ неутешен и лут на судиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-30-at-20.57.12

„Викторија во рок од 5 месеци убиена 3 пати, првпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија. Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на неправдата!! Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!? Спречивте ли нов случај Викторија!? Спречивте ли сообраќајно насилство!? Не, не и не“, пишува таткото на Викторија Николова, Славе Николов.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

„Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!! За ситни кривични дела ги оставате по 3-4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!! Дојдете 1 ден, само 1 ден, во очи погледнете не, очи ќе ви преговорат дека ние не по наша желба го минеме овој пат, ние не по наша желба сакавме да ја искусиме горката правдина, ние не по наша желба ја изгубивме нашата Викче. Ни ја зедоа, ја нема, ја убија, а вие ја докусуривте!!

— реклама —

Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја нема!! На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете!!

Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!! Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!! Зборовите на мојата сопруга "Ниедна мајка да не виде јас што доживев" уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!! Вики, ангел беше на земјата, ангел си и на небото, правдата овде е слепа, зла и болна, но правдата овде е корумпирана, таму горе се е совршено“, додава таткото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања