Вилма ќе признае пораз, испрати и порака до наследникот на шефовската позиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_3079

Вилма Русковска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кажа дека ако ги изгуби овие избори ќе признае пораз. Таа очекува да победи и рече: „Правдата мора да победи“.

— реклама —

„Не, од страна на ниту еден колега немам добиено таква информација (дека има притисоци). Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер“, кажа Русковска пред гласањето.

— реклама —

Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Русковска одговори: „Па се надевам, јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“.

— реклама —

Таа не сакаше да одговори за кого таа би гласала, ако не беше кандидат.

„А тоа е неблагодарно прашање, стварно“, одговори Русковска.

Според неа, шефовското столче е жешко и додава: „Не е работата само да бидеш шеф. Него се очекува многу повеќе од тоа“.

Ако победи, Русковска рече дека ќе продолжи каде што застанала. Ако не победи, ќе направи примо-предавање.

„Уште еднаш сакам да нагласам дека правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост“, додаде Русковска.

Таа не коментираше како е задоволна од работата на ОЈО-ГОКК откако таа е суспендирана.

„Не сакам да излезе дека од далеку вршам некаква контрола, дека прашувам“, додаде Русковска.

Прашана за порака до колегите, доколку таа не биде избрана, Русковска рече: „Ќе му кажам или ќе и кажам на кои предмети треба да се обрне поголемо внимание“.

Русковска не одговори дали ќе каже поголемо внимание да се обрне на предметот за Арафат Муареми, поради кое постапување, беше суспендирана, а откако беше утврдено од републичкото обвинитечлство дека постапила незаконски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања