Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Вилма може треба да стави и клуч на Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272817006_999810050974407_6645641523630208349_n

Четири месеци трае изборот на нови обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Шефицата има само пет обвинители со мандат, а пет без мандат кои земаат плата - но предмети на суд застапуваат само со придружба од нивни колега. За тоа време, Советот на јавни обвинители се задржа на процедурите, жалбите, поплаките од кандидатите на оценките. И кога конечно можеше да се одлучува, тогаш немаше кворум. Антонио Јолевски и телефонски ги бараше членовите на Советот на јавни обвинители за да дојдат на седницата, за која знаеле од претходно. Но тие, имале други обврски. Јолевски и членовите закажаа и нова седница за идната недела. Па така, во просториите на Советот на јавни обвинители се коментираше дека Вилма Русковска може треба привремено да стави и клуч на Обвинителството, за да се изберат нови обвинители.

“Обвинителот бил зафатен и затоа немало да дојде, потпишувал формален документ во Влада, па на состанок е. Љупчо Ивановски не крева телефон иако му ѕвонев 2-3 пати, има приватни проблеми и сабајле излезе од тука. Иџет Мемети на состанок е, не може да дојде. Сега немаме кворум“, кажа Јолевски.

— реклама —

Кои се новите кандидати

Прв аплицирал гостиварскиот обвинител Арсим Адеми. На јавноста ѝ е познат како обвинител кој го водеше предметот за сообраќајката на превојот Стража против Зоран Милевски-Кичеец, каде загина едно лице. За него имаше многу критики откако направи спогодба со обвинетиот Кичеец, кој доби шест месеци затвор. Ваквата казна беше изречена откако обвинителот Адеми го преквалификуваше делото со што се овозможи пониската казна. Тој не поднесе жалба, за што имаше жестока расправа и во Собранието, од каде се бараше одговорност.

— реклама —

Поранешната специјална обвинителка Елизабета Јосифовска, која беше заменик на Катица Јанева, исто така сака да биде избрана и да работи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа по вторпат аплицира за оваа функција, откако минатата година Советот на јавни обвинители не ја избра.

Кандидат за во тимот обвинители за гонење организиран криминал е и скопската обвинителка Имран Османи. Таа беше дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од 2008 до 2012 година, заедно со сегашната шефица Вилма Русковска, ексрепубличкиот обвинител Марко Зврлевски, како и Гордана Гешовска, а тогаш со ова обвинителство раководеше Јован Илиевски, баџанaк на Сашо Мијалков.

— реклама —

Од истото обвинителство, а со апликација за влез во повисокото обвинителство е и обвинителката Наташа Сарамандова. И таа, како и Јосифовска, по вторпат се обидува да влезе во Обвинителството за гонење организиран криминал. Претходно, минатата година, не успеа.

Петтиот кандидат е Златко Биковски, обвинител кој гонеше организиран криминал до 2018 година, кога беше разрешен. Тој го водеше предметот „Пуч“ против поранешниот премиер Зоран Заев. Познат е и по тоа што му беше определена дисциплинска мерка – шест месеци да добива третина плата затоа што не постапил навремено за крвопролевањето во Собрание на 27 април 2017 година.

— реклама —

И досегашните обвинители сакаат да останат на позициите

Иако им истекуваат мандатите, организиран криминал сакаат да гонат и обвинителките Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Енѓулуше Кардиу-Леши и Сузана Мирческа-Кузмановска. Доколку не ги реизберат, ќе треба сите да се вратат во своите матични обвинителства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања