„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Винисиус: „Никој нема да ми каже како да се однесувам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт
Screenshot-2024-12-18-at-08.54.22

Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор имаше што да каже откако беше крунисан за најдобар играч на светот во изборот на ФИФА.

— реклама —

Тоа признание му врати насмевка на лицето по фрустрацијата што ја доживеа по изборот за најдобар играч на светот во организацијата „Франс Фудбал“, каде што беше втор, зад Родри.

Овој пат Бразилецот ја победи конкуренцијата, а трофејот стигна лично да го прими во Катар, за разлика од некои лауреати кои отсуствуваа на церемонијата од професионални причини.

— реклама —

„Денес му пишувам на едно момче кое видело толку големи играчи како го добиваат овој трофеј... Неговото време дојде. Поточно, дојде моето време. Време е да кажам... да, јас сум најдобриот играч на светот и јас напорно се борев за тоа, рече Винисиус.

Имаше порака до критичарите.

„Се обидоа да ме обезвреднат, да ме понижат. Но, не се подготвени за мене. Никој нема да ми каже за кого да се борам и како да се однесувам. Кога бев во Сао Гонзало, системот не се грижеше за мене. Победив за себе, за моето семејство, со голема поддршка цело време: Фламенго, Реал Мадрид, бразилската репрезентација, стотици мои соиграчи во текот на сите овие години... луѓето кои беа со мене секој ден...“

На крај оставил порака.

"Најдобриот фудбалер на светот. Број седум".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања