„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Висок комесар за бегалци на ОН: Спасувачките операции во Медитеранот станаа заложници на политиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
begalci

Високиот комесар за бегалци на ОН изјави дека само малку од милионските сириски бегалци во странство се вратиле во својата татковина, и посочи дека спасувачките операции во Медитеранот станале „заложници на политиката” и треба да продолжат.

— реклама —

Италијанецот Филипо Гранди зборуваше на редовниот годишен состанок на Извршниот комитет на Агенцијата за бегалци во Женева и ја повика Европската унија да ја задржи својата актуелна политика за обезбедување на азил на мигрантите.

Тој забележа дека Либија, која е главната локација од која мигранти одат низ Средоземното Море во Европа, во последните месеци ја зајакнала својата крајбрежна стража, но, не и другите институции. Како резултат на тоа, многу мигранти и бегалци се насилно вратени во Либија, каде што се жртви на експлоатација и апсење во ужасни услови.

— реклама —

– Така споделувањето одговорност се претвори во бегство од одговорност, рече Генди, осврнувајќи се на аргументите на ЕУ за миграцијата.

– Одбивањето на овие луѓе не може да биде одговор, а пазарењето за секој поединечен брод (со бегалци), дури и кога преговорите  завршуваат успешно, не е добро решение, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања