„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Високи казни за попови, оџи, институции ако даваат совети дека „жената треба да му служи на мажот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
semejno-nasilstvo

Од 1.000 до 5.000 евра ќе се казнат министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за здравство, за правда, центрите за социјална работа, обвинителствата, општините, ако не постапат по точните надлежности што им ги дава новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој треба да го изгласаат пратениците, објави СДК.МК.

— реклама —

Од 100 до 500 евра е казната за раководители во центрите за социјална работа, до министри, обвинители и други раководни лица во државните органи, ако не постапат со жртвата на семејно насилство како што пишува во законот, или ако не обезбедат услови и политика како што е прецизно напишано како нивна одговорност.

За да нема префрлување на топката и да се оставаат жените-жртви на семејно насилство на милост и немилост на мажите што ги тепаат, законот точно ги прецизира постапките на полицијата, по пријава на родово базирано насилство. Кажува како да постапат социјалните центри, како амбулантите, болниците, ако жената претрпела физичко, психичко, сексуално и друго насилство.

— реклама —

Полициски службеник треба да ја придружува жената до најблиската медицинска помош, или да ѝ биде во придружба додека ги пакува личните работи од заедничкиот дом со насилникот.

Медиумите, наставниот кадар, Агенцијата за медиумски услуги, но и црквите и џамиите имаат обврска да промовираат политика против овој вид насилство и да не ја одобруваат.

Овој закон оди дотаму да ги казнува и верските заедници ако поддржуваат насилство врз жената.

Текстот во целост на: СДК.МК.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања