Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Високиот инспектор за правда на Република Албанија на средби во Јавното обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
350358902_924620132152389_7685175692561709081_n

Bисокиот инспектор за правда на Република Албанија Артур Метани денеска беше во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, каде се сретна со јавните обвинители во државното обвинителство Џељаљ Бајрами и Соња Симовска.

— реклама —

На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река, се разговараше за организацијата на јавнообвинителските структури во двете земји, со посебен фокус на размената на искуствата за организацијата на системите за надзор над работата и за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

— реклама —
— реклама —

Иако системите за одговорност и контрола во двете земји се разликуваат, присутните нагласија дека најважно е тие системи ефикасно да функционираат и да се избегне секакво влијание врз постапките.

— реклама —

Во рамките на посетата на Скопје, во текот на вчерашниот ден, Метани оствари средба и со претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања