Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Високите цени на енергијата ќе ја одржуваат инфлацијата во Германија на повисоко ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
inflacija

Инфлацијата во Германија во наредниот период ќе остане на повисоко ниво поради зголемените трошоци за енергија, додека економската активност до крајот на годината би требало постепено да закрепне по послабите летни месеци, оцени германската централна банка – Бундесбанк.

Најголемата европска економија во текот на летото забележала забавување, со послаб извоз и потрошувачка, како и проблеми во транспортниот и индустрискиот сектор предизвикани од сушата.

— реклама —

Сепак, Бундесбанк очекува активноста да се подобри до крајот на годината. Истражувањата меѓу компаниите укажуваат на поповолни изгледи за преработувачката индустрија, додека инвестициите во инфраструктурата би требало да му дадат дополнителен поттик на градежниот сектор.

Од германската централна банка предупредуваат дека закрепнувањето ќе зависи и од развојот на конфликтот на Блискиот Исток, како и од брзината со која ќе се нормализираат водостоите на важните пловни патишта.

— реклама —

Инфлацијата во Германија во август изнесувала 2,9 отсто. Според Бундесбанк, таа ќе остане зголемена извесен период поради високите цени на горивата и другите нафтени деривати, но и поради наглото поскапување на гасот пред почетокот на грејната сезона.

— реклама —

Постои и ризик повисоките трошоци за енергија да се прелеат во други делови од економијата, што дополнително би ги зголемило ценовните притисоци.

Од Бундесбанк посочуваат дека цените на енергијата би можеле да продолжат да растат во наредниот период. Податоците од најновите фјучерс-договори укажуваат дека сегашната, како што ја опишуваат, „исклучително“ голема разлика меѓу цените на нафтата и нафтените деривати ќе се намалува многу постепено.

Ниските залихи на нафтени деривати и гас претставуваат дополнителен ризик кој би можел да придонесе за натамошно зголемување на инфлацијата.

Бундесбанк очекува дополнителен привремен инфлациски притисок и во првата половина на 2027 година. Реформите во здравствениот систем, кои треба да стапат во сила на почетокот на следната година, заедно со годинешните измени поврзани со снабдувањето на аптеките, би можеле привремено да ја зголемат инфлацијата за речиси половина процентен поен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 2 дена

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања