„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Вишото обвинителство бара да се одбијат жалбите на осудените за „27 Април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
27-april

Денеска на одржаната јавна расправа во Апелациониот суд по поднесените жалби за пресудите за случувањата на 27 април во Собранието,  Вишото јавно обвинителство Скопје, по проучување на првостепената пресуда и останатите списи од предметот даде предлог да се одбијат како неосновани жалбите на обвинетите, и тоа по сите основи на кои се однесуваат.

— реклама —

Во однос на фактичката состојба која произлегува од бројни материјални и вербални докази изведени на главната расправа, првостепениот суд правилно оценил дека кај обвинетите постои умисла за дејствијата кои ги презеле и дека станува збор за добро осмислени, организирани и синхронизирани дејствија во кои што секој од обвинетите имал однапред одредени улоги и задачи.

Во однос на жалбата од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за ослободителниот дел од наведената пресуда за обвинетиот Игор Дурловски, Вишото јавно обвинителство Скопје во својот предлог се произнесе дека повисокиот суд треба да ја одбие како неоснована. Имено, првостепениот суд правилно ги утврдил фактите  во предметот и во пресудата образложил дека за овој обвинет не е докажано надвор од разумно сомневање дека го извршил наведеното кривично дело.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања