„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вистината за „Рекет“ ја открива исказот на Орце Камчев кој ја дал во oбвинитeлcтвo

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
orce-kamcev

„Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“ -вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година, објави infomax.mk

— реклама —

Рекетот започнал откако Бојанов Јовановски познат како Боки 13 побарал средба со бизнисменот Орце Камчев на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков ,,Fashion Mall”, како што посочува Камчев проектот кој што тогаш му го достави Јовановски бил несериозен, по што тој веднаш го отфрлил.

Откако бил одбиен Јовановски се вратил со втор договор на уште еден состанок за кој што барал четири милиони евра, договорот веќе бил драфтиран и парафиран од синот на Катица Јанева, Лазе Јанев. Во договорот се барале 4 милиони евра за наводна франшиза.

— реклама —

-Ја сфатив дека всушност се работи за фиктивен проект, бидејќи освен договорот не ми беше презентиран никаков бизнис план, што значи целта беше да се земат пари од мене, појаснува Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Рускоска.

Камчев потенцира дека вакви планови за старечки домови им биле понудени на Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзовски од Струга (зет на Фијат Цановски). Наводните проекти чинеле 4 милиони евра.

Откако бил одбиен и за вториот проект, Боки Тредичи успеал да го натера Орце Камчев да му плати реклама од 180 илјади евре, иако во тој момент како што кажува Камчев во изјавата пред Рускоска, ниту тој, ниту неговите компании имале потреба од Реклама, објави infomax.mk

Текстот во целост на: infomax.mk

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања