Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Вистината за случајот АНБ, дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?“, праша пак СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Bogdanka-Kuzeska-SDSM-3

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, побара од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски, веднаш да ја започнат процедурата за декласификација на документите поврзани со аферата за наводно прислушкување.

— реклама —

„Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта? Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Од што се плаши Христијан Мицкоски?

— реклама —

Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“? Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски? Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција? Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста. Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење“., изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања