Промени тема
Контакт

„Вистинска храброст, сила и инспирација“: Беира со целосно оштетен вид од раѓање истрча 21 километар на Скопскиот маратон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
media-librarynleb9njo8apleMAv4sW

Беира Салифоска, позната како Беки, успешно го заврши полумаратонот на Wizz Air Скопскиот маратон, истрчувајќи ги сите 21 километар заедно со својот асистент.

Беира е лице со целосно оштетен вид од раѓање, а учеството на полумаратонската дистанца претставува значаен личен подвиг. Пред неколку години таа учествувала на Скопскиот маратон и тогаш ја завршила трката на 5 километри. Овојпат се соочи со повеќе од четирипати подолга дистанца.

— реклама —

„21 километар храброст, сила и инспирација! Денес нашата колешка Беира, заедно со својот асистент, успешно истрча 21 км на Wizz Air маратонот“, објавија од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.

— реклама —

Од училиштето посочија дека Беира повторно покажала колку значат упорноста, поддршката и силната волја.

„Горди сме на тебе, Беира! Ти си вистинска инспирација“, порачаа од училиштето.

— реклама —

Нејзиниот успех не е поврзан само со спортот. Беира е и првото лице со оштетен вид во земјава кое одбранило дипломска работа напишана на Брајово писмо.

— реклама —

Од академскиот успех до полумаратонот долг 21 километар, нејзината приказна е исполнета со лични предизвици и постојано поместување на сопствените граници.

За Беира, трката не била само прашање на времето постигнато на патеката. Таа била уште една цел до која стигнала чекор по чекор и километар по километар, со поддршката од својот асистент и со решителност да стигне до целта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања