„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Виз Ер со нови летови од Скопје и Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vizzar

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај.

— реклама —

-Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на две нови линии – Охрид-Лондон Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои од највозбудливите градови во Европа, соопшти „Виз Ер“.

Авиолиниите Охрид – Фридрихсхафен и Охрид – Меминген почнуваат од 28 март, а од тој датум ќе се лета и на рутата Скопје-Билунд. За Охрид-Лондон Лутон, Скопје-Рим Чампино и Скопје – Турку, како стартен датум е ставен 21 март, а 23 мај за Скопје-Бремен, Скопје-Малта и Скопје-Векше. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација.

— реклама —

Како што информираше претходно во интервју за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Аеродроми, со летниот распоред на летање што стартува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во државава се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено, со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања