Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Визер лета од Скопје до две нови дестинации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
wizzair-1-750x400

Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот аеродром.

— реклама —

До Баден-Баден се патува два пати неделно, секој вторник и сабота, а покрај оваа дестинација од скопскиот аеродром двапати неделно, во среда и недела, ќе има лет и до Бремен.

Со воведувањето на двете нови дестинации, скопскиот аеродром сега е директно поврзан со 39 дестинации на кои оперираат 13 авиокомпании.

— реклама —

Двете нови авиолинии од скопскиот аеродром, како и новите авиолинии од охридскиот аеродром се дел од договорот за финансиска поддршка што Владата го потпиша со авиокомпанијата „Виз ер“.

Во текот на јануари и февруари вкупно 305.246 патници патувале преку двата аеродроми во државата што претставува пораст од седум проценти. Минатата година на двата аеродроми биле опслужени 2,3 милиони патници што претставува годишен пораст од 16 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања