Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Вјоса Османи ја потпиша одлуката за распуштање на косовскиот парламент, пропадна уште еден обид за формирање влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
vjosa-osmani-2

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска ја потпиша одлуката за распуштање на Собранието, откако вчера пропадна и вториот обид за формирање влада. Според регионалните медиуми, изборите за нов парламентарен состав би требало да се одржат кон крајот на годината.

Расписот следува по неуспехот политичките лидери да постигнат договор за пратениците денеска да гласаат за неколку значајни спогодби, пренесе Радио Слободна Европа.

— реклама —

„Во согласност со Уставот на Косово и важечкото законодавство, а по денешното прифаќање на одлуката на Собранието на Косово во врска со неуспехот на вториот мандатар да формира влада, претседателката на Република Косово денеска го распушти деветтиот собраниски состав“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката.

Кога ќе се одржат изборите?
Претседателот на Демократската партија на Косово, Бедри Хамза, изјави дека на средбата со Османи побарал изборите да се одржат на 21 декември, бидејќи на земјата „итно ѝ се потребни институции“. Како втора опција бил предложен 28 декември.

— реклама —

И претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, побара изборите да се одржат на 21 декември, додавајќи дека неговата партија ќе настапи самостојно.

Од друга страна, лидерот на партијата Гуксо, Фатон Пеци, истакна дека нивниот предлог е изборите да бидат на 28 декември, „за да има Државната изборна комисија доволно време за подготовка“.

— реклама —

Претседателот на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Лимај, оцени дека распишувањето вонредни избори е „лоша вест“. Тој посочи дека партиите девет месеци не успеале да изградат соработка, што, како што рече, покажува „неспособност и незрелост во процесот на градење држава“. Лимај сепак смета дека 21 декември е најсоодветниот термин.

Неуспешни обиди за влада
Средбата се одржа еден ден откако потпретседателот на движењето „Самоопределување“, Глаук Коњуфца, не успеа да обезбеди потребно мнозинство за формирање нова влада на 19 ноември. Претходно, на 26 октомври, и лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти не успеа да формира кабинет.

Поради тоа, Косово и понатаму функционира со техничка влада избрана на парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година. Најголемите партии на косовските Албанци не успеаја да постигнат договор за повеќе прашања, меѓу кои и за организацијата на изборниот процес, што доведе до серија одложувања.

Според Уставот, доколку влада не формира ниту вториот мандатар, претседателката мора да распише нови избори, кои мора да се одржат во рок од 40 дена од денот на распишувањето. Кабинетот на претседателката сè уште нема дадено информација за точниот датум на распишувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 4 дена

— реклама —
kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 1 седмица

kosovo-1

Татко го убил синот, два смртоносни инцидента за три дена во Косово

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Двојно убиство во Косово: Маж ги убил сопругата и пријателот

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања