Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Вкупно 15 пливачи од 6 држави ќе земат учество на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
369255404_767439158729434_1366141208919270730_n

Вкупно 15 пливачи од 6 држави ќе земат учество на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Стартот е закажан за 10 часот во Св. Наум, а ќе се плива по 25 километарската патека „Климе Савин“, додека целта е на Кеј Македонија.

— реклама —

„Голема е честа и задоволството како градоначалник, но и како организационен одбор, оваа година да се собереме по втор пат и втора година по ред да го организираме Охридскиот пливачки маратон. Она што минатата година го поставивме и го испочитувавме како услови за пливачите, награден фонт, сместување, превоз и слично, придонесе за зголемување на квалитетот и бројот на пливачите кои што ќе пливаат на овогодинешното издание.

— реклама —

Како новитет оваа година на Охридскиот маратон е и воведувањето на два летечки спринта. За најдобрите на овие мерни точки е предвидена дополнитеплна награда од по 500 евра.

— реклама —

Прогласувањето на победниците е во 20:00 часот во дворот на хотел Палас, каде е предвидена и културно – уметничка програма со настап на КУД „Отекс“ кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години постоење и настап на Ансамбл „Билјана“. Програмата ќе биде збогатена и со штандови на „Слоу фуд“ каде посетителите ќе може да уживаат во вкусот на македонскта традиционална храна“, кажа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања