„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Влада: Бојан Лазаревски поднесе оставка пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bojan-lazare

По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата на Република Северна Македонија соопштува дека на вчерашната седница (21.12.2020 година) ја констатираше оставката на г-дин Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.

— реклама —

Оставката на г-дин Лазаревски е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции.

Имено, согласно членот 16, ст. 1, ал. 1 од Законот за филмската дејност мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на закон кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма. Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само да потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно од пред г-дин Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување на оставка функцијата престанува по сила на закон.

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија постојано инсистира на задржување на највисоките стандарди при назначување на функционери. Оттаму, состојбите на кумулација на функции се далеку од прифатливи. Владата и владините тела внимателно ги испитуваат сите релевантни факти пред дадено лице да биде назначено за функционер, се вели во владиното соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања