„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Влада: Граѓаните со блокирани сметки, ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
paridenari1

— реклама —
Ажурираната листа на корисници е објавена и поставени се сите категории на граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со КОВИД-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите. Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни.

Оние граѓани коишто се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања