Влада: Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vlada-zname-nato

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, информираат од Владата по седницата.

— реклама —

„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта“, наведуваат од Владата.

Претходно денеска, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ставот на Комисијата е наставата да се одржува онлајн, освен за првачињата за кои смета дека е неоходно физичко присуство.

— реклама —

Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование и утре ќе преговараат за начинот на кој ќе се реализира наставата, откако деновиве не успеаја да постигнат договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања