„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Влада: Најостро го осудуваме нападот врз новинарите, да се откријат и казнат сторителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оценува како неприфатливи и недозволиви.

— реклама —

Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите.

Во оваа прилика, покрај она што го прави Владата во врска со обезбедувањето на демократските услови за почитување на слободите, уште еднаш апелираме и сите останати засегнати, обвинителството и судовите, како и организациите од граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

— реклама —

Владата на Северна Македонија, како и досега, ќе се залага сите регистрирани попречувања на работата и напади врз новинарите и медиумските работници да бидат институционално расчистени, се вели во соопштението од Владата.

фото:Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања