Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Влада: Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад, државата има пропишано строги закони и стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Во врска со дезинформациите за увоз, складирање и согорување на опасен отпад во државата и поврзаноста со квалитeтот на воздухот, особено во врска со дезинформациите за согорување опасен отпад во Цементара УСЈЕ, Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста за клучните факти кои ја даваат целосната слика во однос на користење на РДФ отпад како енергенс во цементната индустрија.

— реклама —

Употребата на алтернативните горива во УСЈЕ се одвива во целосно затворен процес, со високи температури во печките (до 2.000 С температура на гасовите во печка) со што се обезбедува целосно согорување на ваквиот отпад. Шпекулациите за запирање на филтрите се сосема неточни бидејќи работата на филтрите е поврзана со целиот процес и со нивно исклучување запира и целокупниот процес.

Државата има пропишано строги стандарди дефинирани во А-интегрираните дозволи што ги добиваат индустриските инсталации вклучително и ТИТАН Цементарница Усје, а се преземаат редовни и вонредни инспекциски контроли на исполнетоста за барањата за заштита на животната средина согласно дозволите и царинските контроли при увоз на одобрените видови на отпад.

— реклама —

Граѓаните треба да бидат спокојни, имајќи го предвид фактот дека увозот/извозот и транзитот на отпадот е строго контролирана процедура и дека ниту една пратка на отпад не може да помине на граничен премин без соодветна проверка. Тоа е регулирано со Законот за управување со отпад од 2004 г. каде се пропишуваат видовите на отпад, условите за извоз, увоз и транзит на отпад, методите за надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот, како и формата и содржината на образецот на дозволата. Законот ги пропишува процедурите и условите за добивање на дозвола за увоз, извоз и транзит на отпад во/од/низ РСМ во зависност од видот на отпадот, неговото потекло, земјата на прифаќање и маршутата на транспорт и типот на третманот кој ќе се спроведе врз отпадот на местото на прифаќање.

Исто така е важно да се напомене дека искористувањето на коксот како енергенс во процесите е строго контролиран и е со количина на сулфур од 4 до 6 проценти согласно важечките прописи во РСМ. Сите други информации за повисок процент на сулфур и неконтролирано согорување се неточни.

МЖСПП води регистар за увезен, извезен или отпад кој транзитирал низ РСМ и истиот е достапен на www.moepp.gov.mk МЖСПП / Документи / Регистри.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања