Промени тема
Контакт

Влада за СДК: Ќе ги охрабриме приватните компании да ги поддржат меѓуетничките односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
120190520_075559

Владата ќе ги повика и охрабрува приватните фирми да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и во нивните средини, велат од кабинетот на премирот Зоран Заев за САКАМДАКАЖАМ.МК по изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека ќе се субвенционираат компаниите кои ќе вработат припадници на малцинските етнички заедници.

Груби вчера и денеска изјави дека вработувања во приватен сектор по национален клуч било предвидено во изборната кампања на ДУИ и прифатено во владината програма.

Од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат:

— реклама —

„Согласно програмата за работа на Владата во делот за еднакво општество, Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеноста и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања