Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Влада: Започна пријавувањето за еднократна финансиска поддршка 43.500 денари по вработен за центрите за странски јазици и едукативните центри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
120190520_075559

Во рамките на четвриот пакет економски мерки, денес се објавени јавните повици за издавање на грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца, на кој може да се пријават сите регистрирани субјекти кои работат во оваа дејност.

Согласно јавниот повик регистрираните центри за странски јазици и едукативните центри за деца, може да аплицираат за финансиска поддршка-грант до 24-ти декември до 23:59 часот, на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.

— реклама —

Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат и следните документи:

·         тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;

— реклама —

·         уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и

— реклама —
·         список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.

Напоменуваме дека барањата за финансиска поддршка за центрите за странски јазици и едукативните центри за деца ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден прв услужен“, а барањата кои нема да бидaт комплетни ќе ги заземат последните места по реден број на поднесување на датумот на комплетирање на барањето.

— реклама —
За потврда на веродостојноста на податоците во поднесената документација Владата на Република Северна Македонија ќе изврши проверка со Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување на Северна Македонија.

За разгледување на поднесените барања од центрите за странски јазици и едукативни центри за деца, од страна на Владата е формирана Комисија која ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листи на поднесени барања.

Листата на одобрени барања на средствата за грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца ќе биде објавена на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања