Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Владата бара општините Дебрца, Охрид и Струга да ги интензивираат активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019), и релевантните заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во регионот и афирмирање на владеење на правото.

— реклама —

Владата ја задолжи Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во соработка со Националната Комисија за УНЕСКО, да ги координира работите и програмата за Реактивната мисија на УНЕСКО закажана за крајот на јануари 2020 година, како и  изработката на извештајот за напредок, а сите релевантни државни институции најдоцна до 13-ти декември да достават до Канцеларијата на претседателот на Владата ажурирани и сеопфатни информации за степенот на реализација на препораките на УНЕСКО, кои ќе бидат дел од прогрес извештајот за напредокот кој ќе се достави до УНЕСКО најдоцна до 31-ви јануари 2020 година.

Со заклучоците од денешната седница се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8 што ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017-та година.

— реклама —

Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО, и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања