Промени тема
Контакт

Владата да прекине со криминалните шеми за да има пари за вработените во образованието, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Во услови на галопирачки раст на трошоците за живот, легитимни се барањата на вработените во образованието, науката и културата за повисоки плати. Дотолку повеќе што согласно колективните договори тие треба да добијат нивелирање на платите и не смеат да добиваат примања кои се малку повисоки од минималната плата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Потценување на интелигенцијата на граѓаните е образложението на владата администрирана од Ковачевски дека нема пари и дека покачувањето на нивните плати ќе предизвика инфлација, ако се има предвид дека Владата изминатиот период потрошија милиони евра на набавки на цвеќиња, фстаци, позлатен прибор, службени возила, или за криминални тендери, студии и семинарски трудови.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните се соочуваат со огромен пораст на трошоците за живот. Инфлацијата само во месец март е 8,8%, а за година дена цената на горивата се покачи за 70%, на струјата за 30%, на парното за 15%, на лебот за 110%, а на сите останати основни намирници е покачена за 30-50%.

— реклама —

Владата треба да скрати од непродуктивните трошења и да ги прекине криминалните шеми и така ќе има пари за повисоки плати на граѓаните кои чесно работат и едвај врзуваат крај со крај“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања