Промени тема
Контакт

Владата да прифати општ раст на платите, потребен е раст и во образованието и во здравството, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Владата да прифати општ раст на платите, потребен е раст и во образованието и во здравството, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Денес имаме ситуација асистент на факултет да работи за 23.000 денари плати, тој треба да е магистер и запишан докторанд. Наставниците во основните и средните школи работат за исти плати. Владата треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да изврши усогласување со Колективниот договор со што наставниците ќе добијат плати и до 45 илјади денари.

— реклама —

Раст на платите е потребен и во здравството. Поради ниските плати се повеќе млади лекари си заминуваат од државата.

— реклама —

Покачување на платите е потребно и заради се поголемите трошоци за живот. Цените на основните продукти како леб, брашно, млеко, зејтин, гориво и слично се покачени и над 70%, а во исто време нема раст на платите.

— реклама —

Владата да преземе реални мерки кои ќе го подобрат стандардот на народот, а не квази мерки кои немаат долгорочен ефект“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања