Од скандал до скандал за прославата за Рамковниот договор. Илјадници евра потрошени за партиска прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Два дена без никаква реакција од власта за овој скандал на приватната забава на власта.
Ковачевски, Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава.
За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза.
Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави.
Нема ден, без скандал на криминалната и тендерашка власт на СДСМ и ДУИ. Потребни се брзи парламентарни избори за да се стави крај на ова неодговорно владеење“; се вели во соопштението.