Промени тема
Контакт

Владата даде согласност на договорот на „Пошта на Северна Македонија“ со Халкбанк АД Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
posta.jpg

На денешната седница е донесена Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје.

— реклама —

Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71% за „Пошта на Северна Македонија“ со 29% за Халкбанк АД Скопје.

— реклама —

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје во услови на пандемија со КОВИД-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и ја донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради исплата на плати на вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања