Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Владата денеска ќе ја одржи редовната 138 седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
94-_45244979442_o

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 138 седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На денешната седница на владата ќе биде разгледана Информацијата за воспоставување нов електронски систем за процесот на стратешко планирање и за подготовка и следење на реализацијата на проекти, програми и исполнување на заклучоци од Владата и Информацијата за поврзаност на мултиплатформскиот систем за е-влада со системот за следење на трошоци, со план за имплементација и пуштање во продукција на системот за евидентирање и одобрување на трошоци, што ќе ги презентира Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

— реклама —

На предлог на Министерството за труд и социјална политика на оваа своја седница владата ќе биде информирана за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

— реклама —

Владата денеска ќе се произнесе и по конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на ЈРП Македонска радиотелевизија.

— реклама —

На оваа своја 138 седница владата ќе го разгледа и ќе донесе мислење за Извештајот за реализација на Планот за имплементација на гаранција за млади.

Редовната, 138 седница на Владата на РМ е предвидено да започне во 16:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања