Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Владата денеска треба да ја донесе Национална програма за железничка инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vlada-amandmani-2

На денешната редовна, 136-та седница Владата на Република Северна Македонија, ќе го разгледува предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на Културно-информативни центри во двете земји.

— реклама —

Пред министрите денеска ќе се најде и информацијата во врска со усогласениот текст на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за соработка во областа на европските интеграции.

— реклама —

Како материјал за информирање, Владата ќе ја разгледа информацијата за приклучување на Република Северна Македонија кон иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.

— реклама —

Министрите, на денешната седница ќе дискутираат и за потребата од донесување на Национална програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, со Предлог - Национална програма.

— реклама —

Предвидено е редовната владина седница да започне во 13:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања