Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Владата доцна синоќа донесе повеќе одлуки за да се обезбеди континуитет на програмите и работата на институциите по распишувањето на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
16022020_VRSM_9ta_sednica-2

Владата на Република Северна Македонија ја одржа редовната 9-та седница на која беа донесени повеќе одлуки, заклучоци и препораки за проекти од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, а за кои беше неопходно нивно донесување пред распишување на изборите, за да се обезбеди континуитет на програмите, на мерките и на другите тековни работи од надлежност на Владата и другите државни и јавни институции.

На оваа своја седница, меѓу другото, Владата ја усвои Предлог - програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година, за да се задржи континуитетот на процесите за изградба на нови и реконструкција на постоечки спортски објекти во повеќе општини како што се Охрид, Куманово, Липково и други.

За да го обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје, придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и на Факултет за Исламски науки – Скопје, Владата донесе одлука за одобрување средства, кои што на овие високо-образовни институции им се одобруваат квартално.

На оваа седница е усвоена и одлуката за одобрување средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2020 година, наменети за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти на државните универзитети.

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со актуелната состојба и проблемот со издавање на патни исправи од страна на Министерството за внатрешни работи, и го задолжи ова министерство да утврди механизам, односно методологија и критериуми за начин на издавање на патни исправи до 24.03.2020 година, за кога е најавена испорака на дополнителна количина на обрасци на патни исправи.

— реклама —

Владата ја разгледа и усвои информацијата и донесе Одлука за давање согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Правилникот за доделување финансиските средства преку Иновациските ваучери сe воведува за прв пат во Република Северна Македонија, а негова основна цел е да ја поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност.

— реклама —

Со ваучерите кои ФИТР ќе им ги додели на компаниите кои имаат намера да започнат нови производи, процеси и услуги со иновативна компонента, ќе се надоместуваат трошоците за услуги на академските и научно-истражувачките институции кои за нив ќе изготвуваат истражувања и анализи што ќе го помогнат успешното реализирање на новите процеси.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања