Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

— реклама —

Одлуката стапува на сила од утре, 9 јули.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања