Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Северна Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Северна Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите.
(ВИДЕО) Низ светот му помагале со јадење, бензин, смештај, а во Македонија му барале 50 евра, Македонец раскажа како побегнал од Украина
Одлуката да ја напуштиме Украина беше тешка, но следејќи ја ситуацијата имав претчувство дека нешто ќе се случи и бев решен доколку пукне, ведаш да заминеме-вели охриѓанецот Дарко Кипаризовски, кој 6 години со своето семејство живееше во Харков каде што се водат најжестоките борби. Целиот живот буквално го собравме во неколкиу најлон кеси, појнејќи ги со сува храна, вода, и алишта,се’ што ќе ни се фатеше при рака.Оставајќи го зад себе домот и дел од семејството кои не сакале да ја напуштат Украи
Македонија | пред 4 години