„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Владата ги надмина своите ингеренции, го прекрши Уставот, мора да сноси одговорност и не смее да врши притисок врз Собранието, вели Димовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Владата на Република Македонија врши политички притисок врз Собранието. Тој вели дека Владата го прекршила Уставот и мора да сноси одговорност.

— реклама —

„Владата ги надмина своите ингеренции.

Владата го прекрши Уставот на Република Македонија.

— реклама —

Владата мора да сноси одговорност.

Владата не смее да врши политички притисок врз Собранието.

Владата немаше право надвор од своите ингеренции да прифати обврска за промена на Уставот. Тоа не е во нејзина надлежност. Тоа е во исклучива и единствена надлежност на Собранието на Република Македонија.

Тоа е исто како вие да продавате имот на вашиот комшија, а комшијата не ви дал никакво полномошно за тоа.

Европската Унија не го наметна условот за внес на Бугари во Уставот на Република Македонија.

Европската Унија го прифати билатералниот Протокол помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој Министерството за надворешни работи презема билатерална обврска пред Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

Европската унија тој билатерален Протокол го внесе во преговарачката рамка и стана европска обврска за нас.

Протоколот со Бугарија е потпишан од страна на Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Протоколот предвидува обврска за Собранието на Република Македонија, кое Бујар Османи ниту го претставува, ниту смее во негово име да превзема обврски.

Протоколот, по својата содржина, излегува драстично надвор од самиот Договор за пријателство и соработка со Бугарија и за државата создава огромни обврски.

Таквиот протокол ниту беше, ниту смее да биде предмет на ратификација од Собранието на Република Македонија.

Тој Протокол (заедно со Протоколот потпишан во 2019 година) е сериозен проблем кој не решава, туку очигледно создава нови конфликти.

Одговорноста на Министерот за надворешни и на Владата за преземени обврски надвор од своите овластувања не смее да биде обврска за Собранието.

Собранието мора да го одбие ова анти-државно и анти-уставно однесување на Владата и да создаде услови за нејзина одговорност“, вели Димовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања