Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Премиерот Зоран Заев, кој минатиот мандат имаше помала плата од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сега има најголема- објави Фактор . Претседателот на Владата добива 87.813 денари, што е за 348 денари помала од таа што му беше пред изборите.
На второто место е Спасовски со 85.113 денари. Неговата плата е скратена за 7.186 денари. Во минатата Влада, доколку не се смета вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој повеќе не е дел од истата, на трето место беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Овој пат на таа позиција е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.
Шекеринска сега е на четвртото место со 72.989 денари, што е помалку за 6.161 денар во однос на претходната. На петата позиција е Ирена Стефоска, министерката за култура, со 72.670 денари.