Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Владата ги поништи решенијата за распоредување на работни места, донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
16022020_VRSM_9ta_sednica-3

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место, донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, со кои Петар Ѓорѓиевски се распределува на работно место началник на Одделение за дизајнирање на наставни програми, Центар за обука, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, за распоредување на Џелал Топалоски на работно место полициски советник за СВР, во Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет – БЈБ, за распоредување на Зоран Дуровски на работно место началник на Одделение за полиција, СВР Битола – БЈБ, за распоредување на Горан Митев на работно место началник на Одделение за криптозаштита, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, како и решението со кое Владимир Велковски се распоредува на работно место самостоен советник за меѓународна соработка во Кабинетот на министерот при Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Владата на последната седница синоќа донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието на Република Северна Македонија беше покрената постапка за нејзино разрешување.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања