„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Владата го предложи Јани Макрадули за директор на „Македонска пошта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
jani

Владата на Република Северна Македонијa на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје за член на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје да го избере Јани Макрадули.

— реклама —

– Јасна Дуковска-Јегени ја именуваше за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија–овластен ревизор.

– Дениз Исмаили го разреши од должноста в.д. директор на Управата за наменско производство.

— реклама —

– Емил Димитровски го именува за в.д. директор на Управата за наменско производство.

– Митко Крстевски го разреши од должноста директор на Управата за семе и саден материјал.

– Лутфи Акики го именуваше за директор на Управата за семе и саден материјал.

Владата на денешната седница ја прифати оставката на Бајрам Ѓулиовски и го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви, на негово барање.

Кети Смилевска ја именуваше за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви.

Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.

Владата ја прифати оставката на Александар Младеновски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разреши Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво.

На денешната седница беа донесени и одлуки за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво и Иљми Селами за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за статистика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања